Православните христијани денес го слават празникот на Христовото вознесение или Спасовден, кој се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.
Православните христијани денес го слават празникот на Христовото вознесение или Спасовден, кој се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.
Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”.
Во спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на Спасителот на Светот- Исус Христос.
Истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанството паганите го празнувале празникот на божеството Спас кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето. Се верувало дека врховниот бог Перун од небото испраќал молњи и громови како и градоносни облаци, а божеството Спас со житен клас во раката ги спасувало пoсевите.
На овој ден луѓето ги посетуваат црквите што го носат името “Свети Спас” и даруваат разни подароци. Некои за здравје преспиваат под иконата, а други кога ќе се разболат се ветуваат дека еден период ќе и служат на црквата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град