Денеска православните христијани го слават Божик, храмовите се полнат со верници, секој со различни желби и очекувања.
Денеска православните христијани го слават Божик, храмовите се полнат со верници, секој со различни желби и очекувања.
Божик е Православен празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.
Денеска е неработен ден па повејќето продавници и државни институции се затворени.
Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Со него се поврзани многу обичаи и симболи. Рано наутро, на Божик децата одат по куќи и пеат песни пред домаќините. Тие ги симболизираат ангелите, а пеењето по куќи значи дека веста за Христовото раѓање ќе се прошири насекаде. Децата ги симболизираат пастирите, а домот, каде што одат ја симболизира пештерата во која е роден .
Со Божик е поврзана и поговорката „ Пред Божик, зад Божик дома да си“, што значи дека за големиот празник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот.
Нека е честит празникот, Христос се роди.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град