И забаено и забораено

Раскрсницата во близина на ОУ „Христо Узунов“ сеуште опасна по живот. И покрај многубројните ветувања дека ќе се постави светлосна сигнализација пешаците сеуште со страв претрчуваат преку улицата. Се жалат и од училиштето и од месната заедница. Надлежните само ветуваат.

 |  Јаковлева Лионела  | 
semafor
семафор

Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ и понатаму опасна по безбедноста на пешаците. И покрај безбројните ветувања од надлежните, веќе десеттина години семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Тие бараат под итно да се пуштат семафорите во функција.

Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека како училиште се најзасегнати од овој проблем бидејќи постојано стравуваат да не му се случи незгода на некој нивни ученик.деца

-Ние се имаме обратено до МВР а мислам дека и граѓаните бараа семафорите да се стават во функција бидејќи многу се важни за безбедноста на пешаците и на учениците кои секојдневно ја преминуваат улицата, вели Симоновски.

Во населбата Горна влашка мала живеат околу 4 300 жители. Голем дел од нив секојдневно ја поминуваат оваа опасна раскрсница. Тие повеќе пати се обратиле и до СВР и до Локалната за да се реши проблемот со сигнализацијата, но останале само празните ветувања.

Од Фондот за комунален развој ми беше ветено дека ќе се стави сигнализација на допир по некои европски стандарди, но до ден денешен тоа не е остварено. Сабајле бев и контактирав со Митко Талевски вработен во Фондот и го прашав до каде е работата со семафорите. Рече дека некаде во септември  ќе почне градбата на улицата „Јане Сандански“ па тогаш ќе се направи и улицата „Питу Гули“ и тротоарите па тогаш ќе се направат и семафорите, вели претседателот на 10 УЗ, Томислав Голешки.deca

Од Локалната самоуправа ветија дека уште по Нова година екипи на секторот за сообраќај, улици и патишта ќе пристапат кон санација на семафорите и светлосната сигнализација. На таа крстосница уште во јануари семафорите требаше да бидат пуштени во употреба, но ништо од тоа. Денес со ново ветување.

-Како што ветивме семафорите ќе бидат доведени во ред. Минатата недела заврши постапката за тендер. Одбрана е фирма се чека деновиве да се потпише одлуката од страна на Градоначалникот и да се склучи договор со фирмата која не само тие семафори туку ќе ја одржува целата светлосна сигнализација. Се работи за неколку дена, вели Томе Џамтоски портпаролот на Локалната.

Граѓаните се скептични дека ова ветување ќе биде реализирано, но велат ќе остават времето да покаже.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top