Нов советник и нови координатори во советот на општината. Нивните имиња беа обелоденети на денешната, 24та седница.
Виолета Мицкоска е новиот член во советот на Општина Охрид. Таа доаѓа од редовите на СДСМ и е на местото на Томислав Тунтев кој беше разрешен поради верификација на неговиот пратенички мандат. Инаку, Мицкоска беше и во претходниот состав на советот на општината.
Денес беа назначени и новите координатотри на советничките групи. Илија Арнаудоски од ВМРО ДПМНЕ ќе биде гласноговорникот на владејачкото мнозинство во советот. А кај опозиционерите оваа функција ќе ја извршува носителот на листа на СДСМ, проф. д-р Јован Стојаноски. Арнаудоски доаѓа на местото на Сашо Донев кој сега ја извршува функцијата директор на ЈП „Нискоградба“, додека Стојаноски го замени Томислав Тунтев кој беше разрешен од советничката функција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град