Изгласани најгорливите точки од дневниот ред на продолжението на дваесет и третата седница на градскиот совет.
Изгласани најинтересните точки од дневниот ред на продолжението на дваесет и третата седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„ Билјанини извори“ за усвојување на физибилити студија“ и „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“ кренаа најголема прашина и отворија голем број дискусии. Јоне Станкоски од ВМРО НП потсети дека со изгласувањето на овие две точки ова локална власт ја повтори грешката од минатото за која најмногу критикуваше.
–Денеска ВМРО ДПМНЕ ретерира од она кое што во изминатите четири године го имаше како став за паркинг просторите да не се издаваат на концесионер, рече советникот Станкоски.
Советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески рече дека ЈП „Билјанини Извори“ не треба да бара партнер туку дека треба само да го постави софистицираниот електронски систем за паркирање и наплата.
–Сите бројки кои се прикажани во таа физибилити студија покажуваат дека поставувањето на тој систем чини околи 45 000евра. Разликата од воведувањето на тој електронски систем на наплата со овој сегашниот изнесува само 285 563ден. што не е некоја сума поради која треба да се оди со јавно приватно партнерство. Лага е дека ЈП „Билјанини извори“ неможе да подигне кредит бидејќи проверив и ова претпријатие не е кредитно изложено, вели советникот Блажески.
Изготвувачот на физибилити студијата објасни дека постоеле неколку опции за спроведување на електронски систем за наплата на паркинзите, но од анализите било заклучено дека најисплатливо е негово спроведување со јавно приватно партнетрство
-Опција самостојно да се спроведува финансирањето од градот Охрид не ни беше понудена бидејќи ни беше кажано дека ЈП „Билјанини извори“ немаат воопшто финансиски средства па затоа ние отидовме на најприфатливата варијанта а тоа е спроведување на електронски систем за наплата со јавно приватно партнерство, вели Драган Милковски, изготвувачот на физибилити студијата.
Секретарот на општината Димитар Спасески ги отфрли обвинувањата на опозицијата велејќи дека воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори е најсоодветното решение.
–Апсолутно како Локална самоуправа можам да потврдам дека од сите анализи направени во изминатиов период ова е начинот кој што ќе овозможи да ја надмине сегашната тешка состојба во која се наоѓа, рече секретарот Спасески.
Инаку, денес се расправаше уште по 28 точки од дневниот ред на 23тата седница.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град