Охрид навистина со срце се обедини за Србија и Босна и Херцеговина. Денес заминува првата хуманитарна пратка од Охрид со производи кои хуманите охриѓани за рекордно време успејаа да ги соберат.
Охрид навистина со срце се обедини за Србија и Босна и Херцеговина. Охриѓани се одзваа на повикот за хуманост кој до нив го упати Црвениот крст од Охрид заедно со локалната самоуправа. Неколкуте нивни пунктови низ градот постојано прибираат помош од хуманите граѓани кои во голем број, секој колку може донираат за настраданите семејства во Србија и Босна и Херцеговина.
„Голема количина на помош е овде собрана во Охрид, тоа е од 3 до 5 тона имаме најразновидна помош којашто во текот на утрешниот ден и во среда ќе биде испратена во Црвениот крст на Македонија од каде со шлепери ќе тргне и втората пратка за Србија и БиХ. Првата пратка тргнува денес во 12 часот за Србија, 80 тони храна и најразлични други производи, средства за хигиена, вода, а утре во 11 часот тргнува исто толкава помош и за БиХ. Тоа е се преку Црвениот крст. Посебни се протоколите за превоз на овој вид на помош преку границите.“-рече претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков.
Точков вели дека токму поради тие протоколи, најдобра варијанта е хуманите граѓани да ги донираат производите до хуманитарните пунктови на Црвениот крст бидејќи за нив е поедноставна царинската процедура за премин на границите. Тој додава дека помош добиваат од најразлични страни.
„Благодарност до локалната самоуправа со која веќе се координиравме и припремаме логистика односно превоз за транспорт на оваа роба до Скопје, до магацините на Црвениот крст на Република Македонија, не контактираа од локалната самоуправа од Дебрца кои исто така ќе донесат помош, дел од училиштата од ОУ „Христо Узунов“ и „Братство Единство“ се организирани и почнуваат со акција за собирање на помош. Морам да нагласам дека оваа акција не завршува во среда, ние ќе испратиме една пратка, продолжуваме и понатака затоа што помошта е и тоа како потребна и ќе биде потребна во текот на сите овие месеци натака. Исто така и митрополија не контактираа, сакаат да донираат голема количина на вода и прехранбени производи.“-вели Точков.
Инаку покрај логистиката, локалната самоуправа ќе донира и 300 хуманитарни пакети со најразлични производи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град