Посебна комисија ќе се грижи за управувањето со Дримскиот басен

Денес Струга дише во знакот на реката Црн Дрим. Во исто време, во петте држави во кои влегува Дримскиот басен, се прославуваше „Денот на реката Црн Дрим“.

 |  Мишел Наумоски  | 
Drim
Дрим

Покрај темно сините води на речниот убавец, Црн Дрим, а воедно и во останатите четири држави во кои припаѓа Дримскиот басен, денес се одбележа „Денот на реката Црн Дрим“. Денешната манифестација претставуваше неофицијален почеток на проектот за интегрирано управување со природните ресурси, проект на кој се работи години наназад. Заменик министерот за животна средина, м-р Стево Темелковски ја изрази својата благодарност до сите кои го дале својот придонес во подготвувањето на проектот.

Crn Drim„За нас во Макеоднија е особено важен овој регион затоа што баш во овој регион се наоѓаат нашите најголеми туристички места, од таа гледна точка, но и од друга гледна точка, овој регион е многу богат и со енергетски ресурси кои исто така се значајни и во иднина користејќи ги овие обновливи извори на енергија, тука се хидроцентралите кои постојат, и оние кои допрва треба да се градат и надградуваат.“-вели заменик министерот за животна средина, м-р Стево Темелковски.

Дејан Паноски, еден од членовите на Дрим-Кор групата, веќе шест години работи во изготвувањето на овој проект. Тој вели дека управувањето со дримскиот басен ќе биде вистински предизвик, но и дека ќе биде создаден механизам кој сето тоа ќе го направи полесно.

drimski basen proekt„Финалната цел на Дримскиот басен е да се овозможи формирањето на заедничка комисија за Дримскиот басен по примерот на комисијата за реката Дунав, Сава итн. Таа ќе работи на координирани активности, на заеднички легислативи и се она што во рамките на рамковната директива за води на Европската унија ќе треба да се имплементира во управувањео со еден речен басен. Ќе се уредуваат сите политики околу управувањето со Дримскиот басен, вклучувајќи ги и политиките околу нивото на езерото од кое истекува Дрим, односно од Охридското езеро.“-рече Дејан Паноски, член на Дрим-Кор групата.

Претседателот на еколошкото друштво „Енхалон“ од Струга, Мате Гогоски вели дека одбележувањето на Денот на реката Црн Дрим е едно мало благодарам за она што навистина значи оваа река.

„Како ние се однесуваме кон реката Црн Дрим е друго прашање, меѓутоа засекогаш останува главна спојка со светот, главна спојка за одржување на биодиверзитетот, главна спојка за одржување на еко-системот на тоа подрачје и главна спојка дури и со Саргасовото море меѓу двете Америки каде што раритетниот вид, јагулата стартува од овде.“-изјави претседателот на ЕД „Енхалон“ од Струга, Мате Гогоски.

pretstava DrimСпоред Ѓоко Зороски пак од еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид, сеуште постојат предизвици и проблеми кои се закануваат на реката Црн Дрим, а на кои мора да се посвети внимание.

„Најголем проблем за реката Дрим се фекалните отпадни води кои што се влеваат непрочистени од населбите покрај реката Црн Дрим, значи од Струга па натака и секако проблемот со цврстиот отпад кој што е сеуште нерешен за жал во селските  населби. Тие се главни два проблеми кои го оптоваруваат сливот на реката Црн Дрим односно квалитетот на водите. Исто така има појави на нелегален риболов, потоа разни други појави, на пример експлоатација на минерални суровини, сите тие заедно создаваат еден кумулативен ефект кој што негативно влијае врз сливот на реката Црн Дрим не помалку значајна е и дивата сеча на шуми, нелегална сеча затоа што промовира процеси на ерозија.“-изјави Ѓоко Зороски од ЕД „Грашница“-Охрид.

„Денот на реката Црн Дрим“ беше одбележан со бројни активности, од музички настапи, до цртежи со еколошки содржини. На брегот покрај реката, веднаш  наспроти Домот на култура „Браќа Миладиновци“ беа поставени и штандови со природни производи и рачни изработки. Во чест на „Денот на реката Црн Дрим“ се возеше и со велосипеди низ улиците на Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top