Предмети од најстарата историја на градот, за прв пат пред стружани

Илјадници стружани дневно поминуваат покрај куќата на Караџулевци и ретко кој од нив знае дека тоа е археолошки локалитет, некропола од хеленистичкиот период. Сите предмети што досега се пронајдени тука, како и предметите од праисторијата на Устието на Дрим, ќе бидат изложени во една голема музејска поставка на 18 мај меѓународниот ден на музеите во куќата на браќата Миладиновци.

 |  Николоска Биљана  | 
muzej struga
музеј струга

muzej strugaАрхеолошките пронајдоци од Устието на Дрим и куќата на Караџулевци, ќе бидат изложени пред стружани. Станува збор за добро сочувани предмети од праисторискиот период, но и модерни керамички предмети од хеленистичкиот период. Првиот човек на струшкиот музеј Д-р Сашо Цветкоски вели дека тоа ќе биде една од најбогатите музејски поставки досега прикажани во јавноста за што ќе бидат испечатени и каталози, кои пак ќе бидат сведоштво за овој настан.

„Пошто се работи за локалитет од праисторија, наколно живеалиште, тоа е прво наколно живеалиште што е истражувано околу брегот на Охридското Езеро, тоа ќе бидат камени алатки, коскени предмети и една голема групација на кремени ножеви. Тоа е се она што таа праисториска продукција го барала. Куќата на Караџулевци тоа е една хеленистичка некропола и нејзиното место се наоѓа во центарот на Струга. Тука илјадници стружани дневно поминуваат но многумалку знаат дека тука постои еден археолошки локалитет. muzej strugaТоа е една интересна некропола каде што се најдени многу вредни и необични предмети од керамика од време на македонско – хеленистичкиот период, тоа е луксузна керамика, тоа е се, импорт керамика носена од големите тогашни хеленистички центри“  – појаснува Цветкоски.

Цветкоски нагласува дека штета е што голем број добро сочувани и конзервирани предмети, досега невидени, лежат во археолошкото депо, кои се поврзани со најстарата историја за Струга. Тоа е така поради нерешениот просторен проблем,  додава тој.

„Нашите заложби остануваат и ние сме насочено кон тоа да Струга добие еден Музеј, една музејска зграда, каде се што се располага како музејски предмет во нашето депо биде изложено. Значи дефинитивно Струга тоа го заслужува. Досега ние немавме можности да ги презентираме овие материјали, голем дел од тие материјали не се влезени во најосновни публикации кои ги имаме вака со презентирање, со печатење ан каталог со пружање на едни најосновни податоци за самиот локалитет тоа влегува воорбита на едни наши пошироки наши настојувања за да конечно го решиме и проблемот на Музејот во Струга“- вели Цветкоски.

muzej strugaПокрај проблемот со просторот, струшкиот музеј се соочува со уште еден сериозен проблем. Состојбата со комуникацијата и соработката со градските власти е поразителна, вели Цветкоски

„За жал  таа приказна повторно се повторува, ние се надевавме ќе има некој позитивни исчекор во тој правец, еве овие година и пол дена покажаа дека никаков интерес и желба од Локалната самоуправа постои за да се афирмира се она што го имаме како културно наследство“ – изјави Цветкоски.

На одбележувањето на меѓународниот ден на музеите, 18 ти мај недела, во 12 часот во спомен домот на Миладиновци ќе бидат изложени 130 археолошки предмети. Тоа е само мал дел од она што е се крие во археолошкото депо на музејот каде има над 730 предмети само од локалитетот Устието на Дрим.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top