Локалните власти со големи ветувања во однос на уличната инфраструктура

Дозавршување на колекторскиот систем, обновување на уличното осветлување, поплочување тротоари- се само дел од нив.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Zoran Sikaleski
Зоран Шикалески

Дозавршување на колекторскиот систем, обновување на уличното осветлување, поплочување тротоари- се само дел од нив.
Од Локалната самоуправа не ги штедат ветувањата за 2009. Велат- во новата година градот ќе го добие изгледот кој му доликува.
За почеток, ќе се дозавршуваат веќе започнатите проекти: колекторскиот систем, канализациониот систем кај Велгошти, Пештани, Подмолје.
На почетокот на новата година се најавува и промена на уличното осветлување. Ќе се менува на дел од улиците: Гоце Делчев, Абас Емин, крак од ул. Јане Сандански, Живко Чинго.

Ohrid„Планирано е поплочување на тротоарите на Момчило Јорданоски, Живко Чинго, Марко Цепенков. Зависно од временските услови, ќе се асфалтира и улицата Богомилска“ , вели Зоран Шикалески од локалната самоуправа.

Како што е познато, најголемиот дел од средствата од општинскиот буџет за годинава се наменети за инфраструктура и реконструкција на патишта. Нивната висина е 133 милиони денари. Од нив, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води планирани 43 милиони денари, а за изградба на системи за водоснабдување 16 милиони денари.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top