Објавени квотите за запишување студенти во новата студиска година 2014-2015. На ФТУ и на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле веќе се знае првичниот број на идните студенти.
Министерството за образование ги објави квотите за запишување студенти во новата студиска година 2014-2015. На ФТУ и на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле веќе се знае првичниот број на идните студенти. Деканот на ФТУ, Сашо Коруновски вели дека оваа година на нивната високообразовна институција одобрено е да се запишат 215 студенти или педесеттина помалку од лани. Тоа се должи на укинувањето на студиската прогрма за менаџмент во услужен сектор, која била отворена минатата година. Коруновски објаснува дека тие ќе ги вложат сите напори да го убедат Министерството за потребата на оваа насока, па и годинава идните студенти да имаат можност да се запишат токму на неа. Инаку на ФТУ и понатаму остануваат стандардните насоки како што се: туризам, хотелско ресторатерска, гастрономија, исхрана и диететика, царина и шпедиција и осигурување. Деканот кажа дека на нивниот факултет претежно се запишуваат студенти од југозападниот регион.
-Нашиот факултет нуди програми кои се спој на традицијата и иновативните пристапи. Оваа година факултетот ќе слави 45 години од своето постоење и е еден од најстарите на Балканот. Нудиме целосно покривање на услужниот сектор, вели деканот на ФТУ.
На унивезитетот „Св. Апостол Павле“ пак, ректорот Нинослав Марина вели дека во новата студиска година се очекува да се запишат над 150 студенти. Тој рече дека овој универзитетот бележи постојан раст во бројот на пријавени нови студенти. Секоја година се формираат нови наставни програми, има интерес за магистерските студии, а универзитетот е во фаза на добивање и акредитации за докторски студии.
–Интересот расте континуирано. Јас можам да кажам дека покрај што расте бројот на студенти, расте и бројот на наставно научен кадар и бележиме голем скок на Шангајската листа, па скоро се изедначивме со универзитетите на национално ниво, рече Проф. Д-р Марина.
Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денес го повтори ставот на Владата и МОН во врска со уписите на факултетите дека сите квоти и генерално уписите на факултетите треба да бидат во корелација со потребите на пазарот на трудот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град