На ревијата учество зедоа 10 културно-уметнички друштва, а се пееја староградски песни, ора и изворни рефрени.
Пензионерите од Охрид и Дебрца со впечатлив настап на 12та регионална фоклорна ревија на песни, музика и игри.
На оваа традиционална фолклорна манифестација се претставија 10 културно уметнички друштва од исто толку градови. Фолклорните групи во три-часовната програма пееја староградски песни и ора и изворни рефрени. Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца настапи со шест староградски песни и ора со постановката ,,На сараишче“. Охридското здружение на пензионерите имаше највпечатлив настап и во изборот на староградската носија карактеристична за нашето поднебје. Фолклорната ревија ја следеше и жири комисија која вршеше избор на најдобрите фолклористи и на кои им беа врачени благодарници.
Најдобрите ќе настапат на републичката фолклорна ревија која од минатата година, од Министерството за култура е прогласена за национална културна манифестација, која го негува староградскиот и изворниот народен мелос.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град