Охрид наметна нови стандарди за тоа како треба да се организира Гимназијадата

За најголемата спортска манифестација во државава оваа година, со пофални зборови и претседателот на федерацијата на училишни спортови на Македонија, Александар Туфекчиевски. Смета дека овие неколку дена додека трае гимназијадата, во Охрид се чувствува вистински олимписки дух.

 |  Мишел Наумоски  | 
Gimnazijada
Gimnazijada

Грандиозна, воодушевувачка, со неверојатно свечено отворање. Ова се само дел од комплиментите кои ги доби најмасовната спортска манифестација годинава во државава, Гимназијада 2014та. Според претседателот на федерацијата на училишни спортови на Република Македонија, Александар Туфекчиевски, Охрид со организирањето на овој масовен спортски настан, докажал дека може да биде добар домаќин.

atletika gimnazijada„Се чувствува овде еден навистина олимписки дух. Едно спортско движење, овие три дена јас сум присутен во Охрид каде многу настани се случија спортски, а покрај тоа овде имавме и меѓународно присуство од повеќе земји од околината, тука беше и генералниот секретар на Светската федерацаија за училишен спорт, го виде ова овде, свеченото отворање беше навистина воодушевувачко за сите кои го гледавме, задоволството е големи и пред се ова во спортските сали што се случува, сите професори по физичко образование кои се вклучија, самите училишта, амбиентот е навистина на висина, спортски.“-вели претседателот на федерацијата на училишен спорт на Република Македонија, Александар Туфекчиевски.

Иван Цветкоски, дел од организациониот тим на Гимназијадата 2014та задоволен од тоа како успеале да го реализираат овој огромен спортски настан, но смета дека секогаш може и подобро.

kosarka gimnazijada„Ние наметнавме нови стандарди, стандардите ги видоа граѓаните, ги видоа граѓаните, ги видоа гостите од Скопје, ги видоа гостите од Балканските држави со оглед дека бевме домаќини нивни, така што верувам дека во наредните години, нивото на организацијата на ваквите спортски гимназијади, ќе биде многу повисоко, пред се заради самите учесници затоа што тие тоа го заслужуваат и мислам дека она што го наметнавме сега во овие три дена, дека нема каде да бегаат наредните домаќини, туку ќе треба да се потруда и дека го организиравме тоа како треба, пак ќе речам во интерес на самите учесници и самите средношколци.“-рече Иван Цветкоски од организациониот тим на Гимназијада 2014.

Цветкоски не испушти да се заблагодари на 150те волонтери кои зеле учество во организирањето на настанот, потоа сите професори од средните и основните училишта од градов, сојузот на училишен спорт од Охрид, бизнисмените од градов кои ја дале својата поддршка за настанот како и големиот број родители на средношколците кои несебично понудиле сместување на голем дел од учесниците.

Цветкоски ја потенцираше и огромната помош која ја добиле од амбасадорот на овогодинешната гимназијада, познатиот ракометар, Наумче Мојсоски. Инаку, охридските средношколци поминаа сосема солидно на оваа гимназијада според постигнатите резултати. Најголемиот дел од златните медали во натпреварите во атлетика завршија во нивни раце, а собраа и неколку сребрени и бронзени медали, вклучително и сребрениот медал на кошаркарите од охридската гимназија кои денес настапија во финалето од натпреварите во кошарка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top