Во рамките на проектот „Интеграција на заштита на животната средина во воспитно – образовниот систем на Република Македонија” во училиштето се спроведуваат многубројни активности.
Во рамките на проектот „Интеграција на заштита на животната средина во воспитно – образовниот систем на Република Македонија” во училиштето се спроведуваат многубројни активности.
Членовите на еко одборот (ученици, вработени и родители) учествуваа во работилницата на која од отпадниот мтеријал направија кукли – еко опоменковци: од картонска амбалажа Картонко, од лимените конзерви Лименко, од пластичната амбалажа Винко и Винка.
Овие симпатични кукли поставени се во училишниот ходник, а под нив се поставени корпи во кои треба да се селектира отпадот: хартија, лим, пластика. Куклите имаат задача да ги опоменуваат сите во училиштето да не заборават да го селектираат отпадот.
Целта на оваа акција е постојано да се влијае врз свеста на најмладите, но и на повозрасните, за значењето на селектирање на отпадот.
На тој начин учениците од најмалата возраст ќе стекнуваат добри навики за грижа за животната средина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град