Локалната со поддршка за отворање на филмска академија во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, вчера вечер имаше работна средба со членовите на иницијативниот одбор за отворање на академијата во Охрид. Најверојатно филмската академија ќе биде сместена во дел од просториите на Унивезтитетот „Свети Апостол Павле“.

 |  Мишел Наумоски  | 
filmska akademija
филмска академија

filmska akademija OhridСо гостите покрај за академското изучување на филмските вештини се разговарало и за можностите во Охрид да се отвори и професионално филмско студио најдобро опремено на овие простори. Меѓу другото било заклучено дека развојот на филмската индустрија во Охрид и снимањето на филмови воопшто, би биле магнети за привлекување на филмски ѕвезди од светски калибар, со што Охрид би имал не само економски бенефит туку би прераснал и во светски познат туристички и културен центар . На средбата било дискутирано и за можноста за организирање на охридски филмски фестивал кој би имал меѓународен карактер и кој би ја збогатил културната понуда во градов. Од локалната очекуваат во блиска иднина да биде промовиран целосниот концепт за отпочнување со работа на филмската академија во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top