Охрид брои ситно до почетокот на 9та Гимназијада на средношколски натпревари

Преку 600 средношколци од целата држава утре ги започнуваат натпреварите на Гимназијада 2014та. Ракомет, футсал, голем фудбал, кошарка, одбојка и атлетика се спортовите во кои ќе се натпреваруваат децата.

 |  Мишел Наумоски  | 
gimnazijada
гимназијада

Охрид брои ситно до почетокот на 9та Гимназијада на средношколски натпревари. Нашиот град годинава ја зеде улогата на домаќин на спортските натпревари кои во наредните неколку денови ќе се случуваат буквално во секоја спортска сала и терен во градов, па и во околните места.

fudbal gimnazijadaПеце Ѓеоргиески, претседателот на Сојузот на училишни спортови вели дека доколку се покажат како добри домаќини, наредната година ќе се обидат да ја добијат и организацијата на олимпијадата за основните училишта.

„Ќе бидат застапени сите спортови. На сите спортски борилишта во градов, во сите спортски сали во градот, дури и во Велгошти, во спортската сала „Тодор Александров“. Ќе се играат сите спортови, во дисциплините ракомет, кошарка, футсал, одбојка, потоа голем фудбал и атлетика за машки и женски. Вкупно имаме бројка од околу 600 учесници.“-вели претседателот на Сојузот на училишни спортови од Охрид, Пеце Ѓеоргиески.

Ѓеоргиески смета дека Гимназијадата е еден од најголемите спортски настани за деца на кои Охрид некогаш бил домаќин, а вели дека има и причина за тоа.

natprevari gimnazijada 14„Имаме од цела Македонија. Пред се олимпијадата е завршен чин на сите активности што се случуваат во текот на целата година од зонските, од општинските, од меѓузонските и само најдобрите доаѓаат во Охрид, односно сите репрезентативци од Македонија во одредени спортови што можат сега нашите граѓани да ги гледаат на телевизија по разни квалификации, на пример ракометарот Талевски што го гледаме што така успешно настапуваше за Македонија, и тој ќе биде еден дел од учесниците и многу други.“-рече Ѓеоргиески.

Гимназијадата 2014та свечено ќе биде отворена утревечер, но сите нејзини натпревари, во сите дисциплини започнуваат попладнето, во 13 часот. Натпреварите ќе се случуваат од четврток до сабота.

Во петок ќе се одиграат натпреварите по групи додека вечерта се одигруваат полуфиналните натпревари. На последниот ден, во сабота, ќе се одиграат финалните натпревари во секој спорт. Ѓеоргиески воедно се заблагодари на сите оние кои учествувале во организацијата на оваа Гимназијада, од локалната самоуправа, до спонзорите на истата како и сите професори од средните и основни училишта кои придонеле за целокупната организација. Охриѓани и сите заинтересирани, можат бесплатно да ги следат натпреварите на оваа Гимназијада.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top