Две Ивани со изложба на графики, слики и филигрански накит

Ивана Настевски и Ивана Стојановска-Станковиќ на охридските љубители на уметноста им нудат несекојдневни дела кои ја будат имагинацијата.

 |  Мишел Наумоски  | 
izlozba Robevci
изложба Робевци

Галаксијата и соларните тела видени низ две различни ликовни техники и прекрасните прстени, огрлици и обетки се моќната сила со која двете уметнички, Ивана Настевски и Ивана Стојановска-Станковиќ деновиве ќе ги привлекуваат охридските љубители на уметноста во Куќата на Робевци. Настевски вели дека во епицентарот на нејзините изложени дела е големата богиња мајка како главен елемент во создавањето на целиот систем.

izlozba Ivana„Темата сама по себе е многу деликатна заради тоа што и подрачјето не обработува односно праисториските елементи, симболи, знаци, првите знаци на човеково постоење или она што ние го викаме праисториска уметност, се сами по себе многу деликатни и специфични, но исто така и многу неистражени и баш поради тоа, сакав на еден поинаков уметнички начин да им дадам акцент, но сето тоа видено низ моето око и низ мојата призма.“-вели Ивана Настевски, уметник.

Ивана Стојановска-Станковиќ иако графичар по професија, на оваа изложба се претставува со прекрасен филигрански накит. Огрлици, обетки, алки, прстени изработени од сребро и полускапоцени камења, обоено стакло и синтетички камен, се дел од нејзините изложени изработки.

izlozba nakit„Мислам дека во последно време има многу млади луѓе кои работат филигрански накит, се обидуваат да работат филигрански накит. Мислам дека ако се продолжи со ова темпо, повторно ќе биде актуелно и добро е што се трудат да се вратат кон традицијата, бидејќи филигранскиот накит е всушност традиција на Македонија.“-рече уметникот Ивана Стојановска-Станковиќ.

Со оваа изложба воедно започнува и сезоната на изложби во Куќата на Робевци.

„Од вчера, па цело лето, секои две недели, секој втор петок ќе има организирано по една изложба. Првите три изложби ги правиме со групата АРТерија. Таа е формирана пред неколку години од млади и талентирани уметници од Охрид кои штотуку беа завршиле академија за ликовни уметности и сите имаа овде самостојни изложби, но со тек на време почнаа да канат и свои гости.“-изјави Никола Николоски, кустос при НУ „Завод и Музеј“-Охрид.

Инаку оваа изложба се отвори вчеравечер, а ќе биде отворена до 16ти Мај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top