Годинава сите охридски средни школи заедно на матурска парада

Матурската парада, односно танцот „Квадрил“ и годинава ќе биде празник за матурантите кој ќе се изведе на 23 Мај на градскиот плоштад. Течат последните подготовки кај охридските матуранти, кои годинава имаат и новина и измена во изведбата на танцот, за што информира професорката Соња Думбалова Делова, која години наназад е ангажирана како најодговорна за оваа парада.

 |  Николоска Биљана  | 
kvadril
квадрил

dumbalovaПо девети пат матурска парада во Охрид. Во тек се подготовките за овој традиционален настан кој матурантите и годинава ќе го изведат на градскиот плоштад. На часовите по фискултура се вежбаат последните елементи за изведба на танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ кој како што изјави Соња Думбалова Делова, професорката која години наназад стрпливо, професионално и напорно работи со генерациите матуранти.

„Оваа година новина е тоа што се вклучени сите средни школи од градов, угостителското училиште „Ванчо Питошески“ електромашинскиот училишен центар „Св Наум Охридски“, економското училиште и гимназијата „Св Климент Охридски. Mатуранти има некаде над 400, ги подготвувам на часовите по спорт а учениците кои што доаѓаат од другите средни школи ги подготвувам измеѓу смена. Во тек е финализирањето на елементите од последната слика зошто „Квадрилот“ од Штраус или Лилјакот како што го нарекуваат  има 4 слики, ние сега ја изведуваме последната слика и треба сите 4 слики да ги поврзиме односно да се синхронизираме со сите ученици заедно затоа е и парада“ – појаснува Думбалова.

Думбалова не испушти а да не ги спомне сите оние кои ја помагаат годинешнава организација на матурската парада, а воедно информира и околу годинешното поместувања на изведбата.

kvadril„Имаме поддршка од гимназијата од директорката наша министерството за образование и Локалната самоуправа а најмногу од градоначалникот Никола Бакрачески“. Оваа година матурантите покасно ќе го играат „Квадрилот“, значи на 23 мај обично претходните години беше пред одржувањето на матурските вечери но сега се одлучи така, Австрија бидејќи одлучи во сите европски градови сигналот се презема од Словенија ние се поврзуваме сo Словенија“ – вели Думбалова.

Мала тајна засега останува облеката. Думбалова не ги откри деталите како ќе бидат облечени охридските матуранти на денот на избведбата на „Квадрилот“.
Инаку Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка“во Љубљана. Танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ матурантите од европа го играат четири слики: Панталон, Ете, Пасторел и Финале.

{loadpsoition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top