Децата на гости во полициска станица

Денес децата од градинката „Јасна Ристеска“, беа на гости во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид. Тие имаа можност да се запознаат со опремата и дел од активностите на охридската полиција. Денешната дружба со полицајците за децата беше вистинско доживување.

 |  Николоска Биљана  | 
policija deca
полиција деца

policija decaГрупа деца од градинката „Јасна Ристеска“, со полициска придружба беа однесени во Езерска полиција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид. А таму се запознаа со секојдневната работата и активностите на охридските полицајци. Ротационите светла и сирената од полициските возила не ги вознемири љубопитните дечиња. Тие веќе имаат познавање за дел од активностите на полицијата.

„Чичко полицаец се грижи за нашата безбедност.  Ги затвора лошите, а добрите ги чува. Го регулира собраќајот. Кога ќе пораснам јас ќе бидам полицаец и лошите луѓе ќе ги затворам“ – коментираат децата.

Досега во два наврати заедно со охридските полицајци во нашата градинка работевме на запознавање на децата со функцијата, работата и работните задачи на полицијата, вели директорката на детската градинка Розе Костеска. policija decaДенешната средба е уште еден дел од реализација на проектот, „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“, додава Костеска.

„Целта на овој проект е секако уште од мали нозе да се запознаат со улогата на полицаецот да имаат доверба во полицаецот дека тој постои тука за да не заштитува да се грижи за нашата безбедност за нашето здравје и да ги надминиме оние стереотипи и предрасуди кои што постојат кај нас дека треба да се плашиме од полицаецот. Значи целта е да се надмине тоа“ – нагласува Костеска.

Децата од „Јасна Ристеска“ веќе се подготвуваат за  приредба која што треба да се изведе на 7 мај, со цел дечињата од оваа установа на полицајците да им го честитаат денот на полицијата.

{loadpsoition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top