Нова година, со детонации

Високите парични казни со кои се закануваа од МВР не ги спречи силните експлозии од употреба на пиротехнички материјали. Новогодишните празници голем број граѓани ги минаа растревожени и револтирани, коментирајќи дека надлежните покажуваат моќ само на збор, но не и на терен.

 |  Тања Кувенџиска  | 
petardi
петарди

Високите парични казни со кои се закануваа од МВР не ги спречи силните експлозии од употреба на пиротехнички материјали. Новогодишните празници голем број граѓани ги минаа растревожени и револтирани, коментирајќи дека надлежните покажуваат моќ само на збор, но не и на терен.

Како и изминатите, така и овие новогодишни празници, поминаа во знак на детонации од употреба на пиротехнички материјали. Најмладите, преку цел ден ги палеа петардите што нивните родители- им ги купиле за Нова година, игнорирајќи ги бројните предупредувања за штетните последици од нивната употреба.
Попусто останаа и ветувањата од СВР- Охрид, дека нивните служби постојано ќе бидат на терен и ќе ги казнуваат прекршителите на Законот за јавен ред и мир.

OhridОд страна на СВР- ОХрид во повеќе наврати, пред медиумите, беа потенцирани високите парични казни кои треба да ги платат родителите чии деца користат пиротехнички средства.
За потсетување: Од 600- 800 евра е висината на казната која треба да ја платат родители на малолетници кои не наполнале 14 години, од 200- 500 евра треба да платат малолетници над 14 години.
Согласно тоа, јавноста очекува информација од СВР- ОХрид за тоа- на колку родители за време на празнициве им се изречени казни затоа што нивните малолетни деца користеле пиротехнички материјал.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top