Со првата сабота од месец мај започнуваме со реализирање на акциите за подигнување на кабаст отпад, од вкупно осум, кои согласно годишниот календар се планира да се спроведат во пролетниот циклус во месеците мај и јуни.

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.1 „Стар Град“.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град