Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен

Од наесен започнуваат градежните работи за затворениот пливачки базен, рече Градоначалникот Бакрачески. Тој со објаснување зошто работите на базенот доцнат една година и вети дека Охрид ќе го има најубавиот пливачки базен во Република Македонија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ledina
ледина

Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен. Години наназад се ветува и е еден од главните проекти со кој скоро пред сите избори се излегува пред граѓаните, но никако да се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески минатата година вети дека оваа година и тоа во месец април ќе се започне со градежните работи на базенот, но на терен нема ништо од тоа. Бакрачески изјави дека подготвителните работи веќе се започнати и дека во септември или октомври годинава ќе почнат и градежните работи.

По наша иницијатива Министерството за транспорт и врски изврши експропријација на тоа земјиште и врз основа на тоа ние изработивме нов архитектонско – урбанистички проект, врз основа на кој го сместивме на поатрактивна локација покрај Туристичка, а не онака како што бевме првобитно приморани да го поставиме базенот, а тоа беше позади главниот фудбалски терен, изјави Бакрачески.ледина

Бакрачески се пофали дека со сигурност Охрид ќе го има најубавиот пливачки базен во Република Македонија. Најави дека кровната конструкција на базенот ќе биде во вид на школка која ќе биде осветлена со лед диоди во различни бои и ќе претставува една несекојдневна и многу атрактивна глетка. Тој додаде дека Агенцијата за спорт и млади веќе го работи главниот проект.

-Наша цел е не само да изградиме функционален објект како што е еден затворен пливачки базен кој децении наназад не успеа ниту едно општинско раководство да го реализира. Наша цел е базенот да биде еден репрезентативен објект за Охрид, рече Бакрачески.

Инаку, целиот проект за изградба на базенот ќе чини осум милиони евра. Останува да видиме дали ова ветување ќе биде реализирано или охриѓани и понатаму ќе можат да се капат само во водите на езерото и во отворениот пливачки базен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top