Денес со полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во с.Лешани и споменикот кај Српница се одбележа 70-годишнината од битката кај Српница.
Денес со полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во с.Лешани и споменикот кај Српница се одбележа 70-годишнината од битката кај Српница.
На овој настан присуствуваше делегација од општина Дебарца на чело со градоначалникот Игор Трајкоски и делегацијата на сојуз на борци на општините Охрид и Дебарца. За значењето на овој настан пригодно обраќање пред присутните имаа Гоце Георгиески претседател на ОО на СБ и Крсте Крстаноски- учесник во НОАВМ.
Германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против едниците на НОВ и ПОМ ја превзеле пролетната офанзива која траела од 24 Април до 19 Јуни 1944год.Во рамките на оваа офанзива при крајот на Април Првата-Македонско-Косовска- Ударна бригада го отпочнала походот од Егејска Македонија кон Дебарца за да ја поврати територијата и да го ослободи сопствениот народ од теророт, грабежите и убиствата.
Во борбата на бригадата при пробивот на бугарскиот непријателски обрач на 29 Април 1944 г. во месноста Српница, животите ги положиле 13 борци, кои со своите млади животи и пролеана крв се втемелија во создавањето на првата слободна македонска држава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град