Синоќа охриѓани, но и голeм број туристи кои за дочек на Новата година престојуваа во Охрид се најдоа во мошне непријатна ситуација.
Синоќа охриѓани, но и голeм број туристи кои за дочек на Новата година престојуваа во Охрид се најдоа во мошне непријатна ситуација.
Со часови делови од градот останаа без напојување со струја. Портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузоска за ТВМ изјави дека станува збор за испад на електрична енергија како резултат на досега незапаметена рекордна потрошувачка на електрична енергија. Карпузоска објасни дека тоа довело до откажување на 35 киловолтна станица која не можела да ја пренасочи целата електрична енергија, а која вчера достигнала над 50 проценти зголемена потрошувачка во однос на претходниот ден. Таа вели дека за отстранување на проблемот биле ангажирани сите служби кои вакви дефекти обично ги отстрануваат и за неколку дена, но заради дочекот на Новата година тие вложиле максимални напори дефектот да го отстранат за неколку часа.
Карпузоска претпоставува дека за ваквиот испад се виновни големиот број грејни тела кои повлекуваат најмноги струја ,а биле вклучени покрај останатите електрични апарати во домаќинствата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град