Локалната самоуправа има потреба од вработување на комунални редари. Тие ќе придонесат успешно да се спроведува Законот за јавна чистота и ќе биде на повисоко ниво комуналната хигиена во градот.
Локалната самоуправа има потреба од вработување на комунални редари. Тие ќе придонесат успешно да се спроведува Законот за јавна чистота и ќе биде на повисоко ниво комуналната хигиена во градот.
Но, за да се вработат и ангажираат редарите потребна е претходна согласност. Портпаролот Никола Манески објаснува дека градоначлникот веќе покренал иницијатива пред Агенцијаат за државни службеници да даде согласност за исполнување на таа потреба кој е и законска обврска на општината. Локалната самоуправа има подршка од ЗЕЛС, а согласноста треба да ја аминува Агенцијата за државни службеници. По нејзинотоа добивање следува објава на конкурс.
“Бараме најмалку тројца редари, а колку ќе ни дозволат ќе видиме. Охрид е посебен град и со посебни визии додава Манески“.
Тој оптимистички најавува решавањето на проблемот со комуналните редари кој е на повидок. Се очекува конкурсот да биде распишан до 15 јануари вели портпаролот на градоначалникот, Никола Манески.
Досега комунални редари имаат вработено општините Аеродром , Желино и Радовиш.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град