Настоски: Дејствувајте за доброто на сите

Денес со прес конференција пред новинарите излезе и политичката опција ГРОМ од Охрид. Носителот на листата Љупчо Настоски на своите граѓани им порача, „Бидете храбри и изберете го патот и изборната програма на ГРОМ. Додаде, тоа не значи дека немате стравови, туку дека сте одлучни да дејствувате за доброто на сите.

 |  Николоска Биљана  | 
grom
гром

nastoskiЗадоволни сме од досегашните резултати, и очекуваме да бидеме уште подобри, истакна носителот на листата на ИЕ 5 за коалицијата ГРОМ, Љупчо Настоски. Тој нагласи дека повеќето од граѓаните низ Македонија а посебно охриѓани, кои ја прочитале програмата на ГРОМ, наишле на решение за проблемите со кои се соочуваме во македонското секојдневие. Под мотото „Храбри луѓе, сложна земја“, настапуваме со изборна програма која се разликува од другите политички опции во Македонија по три клучни залагања, нагласи Настоски.

„Градење капацитет на граѓанинот да се вклучи во процесот на носење, извршување и оценување на политиките. Понуда на мерливи индикатори со кои секој граѓанин може да оцени дали политиките на политичките партии на власт придонесуваат за квалитетот на неговиот живот или не. Како и мобилизирање на граѓанинот на високо поставени цели за Македонија кои не зависат само од финансиски средства , туку од неговата способност да креира, продуцира и соработува во заедништво, внатре и надвор од државата. Ве повикуваме да се вклучите во овој процес на поддршка на вродената моќ на граѓанинот да ја менува, а не да се приспособува на сегашната македонска реалност“ – вели Настоски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top