Крајно време е Македонија да стане граѓанска држава во која што нема да биде важно дали е некој Албанец, Македонец или припаѓа на друга етничка заедница, порача денес од Струга Стојанче Ангелов, претседателот на „Достоинство“.
Во посета на Струга денес беше Стојанче Ангелов пртседателот на партијата „Достоинство“. На средбата со граѓаните, Ангелов нагласи дека станало збор за еден од најголемите проблеми кои што ги мачи стружани и околината. Тоа е Законот за територијална организација донесен во 2004-та година, со кој што според него е направена една голема неправда на овој град бидејќи со вештачки додавањето на села со мнозинско албанско етничко население, се сменила етничката структура на Општината, така да стружни трпат големи штетни последици со овој погрешен потег и погрешен закон во 2004 та година.
„Ние од Достоинство очекуваме да освоиме неколку пратеници на овие избори но доколку освоиме и само еден пратеник ние веднаш ќе покрениме иницијатива за укинување на овој неправеден Закон за територијална организација но воедно ќе покренеме и иницијатива за повекување на признавањето на Косово се додека Албанија не ја признае Р.Македонија под нејзиното уставно име а воедно ќе започнеме и иницијатива за која што сме убедени дека на долг рок ќе даде резултати за постепено и етапно укинување на Охридскиот рамковен договор бидејќи еден добар дел од одредбите на Охридскиот договор кој што се внесени како амандмани во Уставот на РМ, денес се надживеани и се реализирани во пракса. Еден од овие амандмани е и амандманот со бројот 6 со кои што се предвидени оние таканаречени етнички квоти со кој се врши една голема етничка неправда врз Македонците бидејќи при прием на факултети и вработување и во сите други институции каде што имаме конкурси, се примаат Албанци кои што имаат далеку помал број на поени и далеку полсаб квалитет кој се бара во овие институции а се примени само затоа што се Албанци“ – изјави Ангелов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град