Заштитата на Охридското Езеро, приоритет на ВМРО НП

Заштитата на Охридското Езеро, тема на денешната пресс конференција на ВМРО НП . Обелоденети проектите со кои ќе се  елиминира загадувањето на реката Коселска, Грашница и Сатеска.

 |  Јаковлева Лионела  | 
narodna
народна

Заштитата на Охридското Езеро и ревитализацијата на Студеничишкото блато е можно само во време кога Македонија ќе го потпише Договорот за датум за челенство во Европската унија,рече кандидатот за пратеник, Владо Цветкоски на денешната пресс конференција на ВМРО НП .  Тој потсети дека во времето кога Љубчо Георгиевски беше премиер на Република Македонија се реализира проектот за заштита на Охридското Езеро во вреЗаштитата на Охридското Езеродност од 20 милиони Г. марки односно во вредност од 10 милиони Евра. Цветкоски ги обелодени нивните планови за решавање на проблемот со најголемите загадувачи на езерото реките Сатеска, Коселска и Грашница. За да се елиминира загадувањето на реката Коселска пратениците од ВМРО Народна Партија ќе побараат од новата влада на Република Македонија во новиот буџет да се одвојат дополнителни 1 милион евра, за да се изгради секундарна канализациона мрежа во селата Орман, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Вапила и Ливоишта. За да се елиминира загадувањето на реката Грашница потребно е  да се уреди нејзиното речно корито по целата должина, почнувајќи од вливот на езерото па се до падините на Петрино.cvetkoski-kostoski Паралелно со тоа треба да се доизгради канализационата мрежа на просторот од ул. Железничка  до  ул. Прилипска како и во одреден дел од с. Велгошти. За таа цел  од пристапните фондови на Европската унија ќе се обезбедат   3 милиони евра. Како најгорлив проблем за загадувањето на езерото ја посочија реката Сатеска.

-Пратениците на ВМРО Народна Партија при утврдувањето на буџетот за 2015 година ќе се залагаат да се одвојат 1 милион Евра за уредување на старото речно корито на реката Сатеска на потегот од с. Волино, па се до сливот во реката Црн Дрим. Со тоа ќе се постигнат два ефекти. Прво, нема да се загадува Езерото со фосфати и наноси кои  ги носи реката Сатеска. Второ, по текот на уреденото речно корито ќе се изведат соодветни градежни објекти кои ќе овозможат зафаќање на песокот и гранулатот кој го носи реката. Песоците кои ги носи реката ќе се претворат во разни гранулации кои можат да се користат при изградба на патната инфраструктура на ова подрачје, рече Цветкоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top