Ние ги препознаваме вашите желби. Таква е визијата на Стоп Шоп продавниците, кои денес во Карабего маало, односно на ул Даме Груев, свечено ја отворија 5 та по ред продавница.
Стоп – Шоп отвара нова продавница 5 та по ред во градов. Тајната на успехот на семејниот бизнис на Јованоски е во добрата понуда на производи по поволни цени како што кажа менаџерот на продавниците Горан Јованоски.
Со отварањето на оваа продавница се воведува еден нов иновативен концепт на уредување на продажниот простор, по примерот на светските трендови кој ќе има свое влијание кај потрошувачите, додава Јованоски.
„Тоа е еден голем успех кој што го доживеавме благодарение на ематијата која што ја имаме со нашите купувачи се движиме во чекор со нив ги препознаваме нивните потреби ов однос на цени и асортиман и така успеваме да излеземе на најгорната линија во Охрид заедно со нашиот тим односно со персоналот кој што работи во Стоп Шоп маркетите, пред се тоа се млади луѓе, љубезни, културни, луѓе кои што препознаваат кои се потребите на нашите крајни потрошувачи.“ – нагласи Јованоски.
Потрошувачите добро го препознаваат локалниот ланец на маркети Стоп Шоп. Цените се проверени и најниски во градов а тоа така треба да остане и во иднина, велат тие.
Петтата продавница која отпочна со работа денес во познатата Карабего маало на ул „Даме Груев“, е сместена во еден репрезентативен објект кој треба да ги исполни очекувањата на потрошувачите нагласува Јованоски. Во моментов во Стоп – Шоп маркетите има околу 65 вработени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град