И Охрид утрово не беше поштеден од врнежите од снег кои го зафатија поголемиот дел од нашата држава. Врнежите во нашиот град за среќа се од помал интензитет и не предизвикуваат проблеми во одвивањето на градскиот сообраќај.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно, претпладне со обилни врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На повеќе места ќе наврне над 30л/м2, воден талог, а на повисоките планини ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер. Слично време ќе преовласува и во нардните три дена. Минималната температура на места ќе се спушти под нулата, а максималната дневна ќе се движи во интервал од 6 до 16 степени Целзиусови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град