Илјадниците тужби против ЕВН, пресудни за лошата оценка на охридскиот суд

По оценката на Врховниот суд дека Основниот суд од Охрид потфрлил во работата, претседателот на судот Милчо Клишески, со објаснување дека судот е ефикасен и ажурен но неуспеал да се справи до огромниот прилив на предмети. Тој објаснува дека станува збор за тужби на граѓани против ЕВН, поради кои најмногу работа им се отворила на охридскиот и скопскиот суд.

 |  Николоска Биљана  | 
sud
суд

 

sudОсновните судови од Охрид и Штип, како и Вишиот Управен суд се трите судски инстанци кои потфрлиле во својата работа, според генералната оценка на Врховниот суд за изминатата година. Според извештајот за работата на судовите за 2013 година Охридскиот суд не го совладал приливот на предмети. Лавината од тужби кои паднаа врз охридскиот суд 9242 на број, пристигнати само во 2013 до толку го зголеми обемот на работа што судот не успеа во целост да се справи.

Илјадниците тужби на граѓаните против ЕВН за стекнување без основ, односно за незаконски наплатените 6 ден за манипулативни трошоци го заглавија охридскиот суд. Според претседателот на судот Милчо Клишески тое е главната причина за забелешката во извештајот за работата на судовите за 2013 год.

kliseskiКлишески тврди дека во извештајот за работата на судовите за 2013 година, никаде не стои дека Основниот суд во Охрид е неажурен и неефикасен, напротив бил ефикасен и ажурен но со забелешка дека не бил совладан приливот на големиот број новопримени предмети. Тој додава дека со ваков бран на тужби од физичките лица против ЕВН, се соочиле само судовите во Охрид и Скопје а останатите градови немале предмети од таква природа. Во контекс на тоа, Клишески нагласи дека од вкупно 9242 тужби за стекнување без основ, во 2013 решени биле вкупно 7616 предмети а останале само 1626 нерешени предмети. Дополнителна причина за да не се совлада приливот на предмети против ЕВН било и тоа што во 2013 година имале отсуство на еден судија, кој што дополнително би можел да допринесе да се намали бројот. Инаку Клишески кажа дека годинава предметите се решаваат согласно предвидената динамика, а во врска со останатите 1626 предмети, потенцираше дека истите ќе бидат решени следниве 2, 3 месеци.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top