• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Танасоски: „Богат и достоинствен народ е предуслов за просперитетна и безбедна држава“

Танасоски: „Богат и достоинствен народ е предуслов за просперитетна и безбедна држава“

Додека актуелната влада спроведува политика на ,,сиромашен и исплашен народ а силна држава”, ние сметаме дека политиката ,,богат и достоинствен народ е предуслов за просперитетна и безбедна држава”, рече на денешната пресс конференција кандидатот за пратеник од СДСМ, Ѓоко Танасоски.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sdsm
сдсм

Платформата на која се темели политичката програма на СДСМ, поаѓа од предизвиците со кои се соочува државата, и нуди реални, остварливи концепти кои можат да донесат позитивни промени за нов почеток, рече кандидатот за пратеник од СДСМ, Ѓоко Танасоски. Тој наброја дел од мерките содржани во програмата на СДСМ кои ќе ги реализирааат доколку ја добијат довербата на народот. 0% персонален данок за земјоделците, враќање на 15% од ДДВ на секој граѓанин,намалување на персоналниот данок од 10% на 9%, за 40% повисока социјална помош, намалување на глоби/казни  за најмалку 50%, помалите фирми да плаќаат и помали глоби, еднакви можности за домашни и странски инвеститори, 30% помал данок на добивка за фирмите кои вложуваат во спорт, култура, образование и наука, повисока минимална плата, мерки за вработување на жени, државна социјална пензија за необезбедените, субвенции за вработување на млади до 29 год., tunte-tanasoski

Изборните програми и отчети на ВМРО ДПМНЕ навистина се напишани на стотици страни, во нив се предложени стотици проекти со кои се фалат гласноговорниците по митинзи, ама сите ние знаеме колку навистина од тие ветувања се реализирани во реалниот живот: почнувајќи од стотиците километри автопати кои еве само што не започнале со изградба, стотиците странски ивеститори кои само што не почнале да доаѓаат во државава, мега аферите кои станаа синоним за грубо кршење на законите, сериозните сомневања за корупција и перење на пари во која се вклучени високи функционери од власта, расипничкото и мегаломанско трошење на парите на даночните обврзници за непродуктивни намени, од кои граѓаните немат никаков бенефит, рече Танасоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top