На почетокот на 2008 година Охрид беше прогласен за најубаво украсен град во Македонија. Традиционално, на 19 јануари, се одбележа големиот верски празник Водици.
На почетокот на 2008 година Охрид беше прогласен за најубаво украсен град во Македонија. Традиционално, на 19 јануари, се одбележа големиот верски празник Водици.
Во месец февруари пак, најзабележителни настани беа обидот за кражба на филијалата на Комерцијална банка во Струга и штрајкувањето на судската администрација.
Во март, започнаа меѓуетничките судири меѓу учениците македонци и албанци во средното струшко училиште Нико Нестор. Во Охрид пак, МЈП Проаква поради неплатен долг остана без струја.
Она што го одбележа вториот квартал од 2008 беше рушењето на зградата на старата библиотека. Во месец април, во Охрид и регионов за прв пат беше притворено лице за кое постои основано смоневање дека е сериски убиец.
Во мај, се одржа самитот на претседатели , чиј домаќин беше македонскиот претседател Бранко Црвенковски.
Одржувањето на вонредните Парламентарни избори и победата на коалицијата За подобра Македонија, е она по што ќе се памети месец јуни. Но, ќе се памети и по уредените плажи на охридското крајбрежје.
Две големи културни манифестации оставија печат на случувањата во месец јули. Традиционалното отворање на реномираниот фестивал Охридско лето и одржувањето на првиот фестивал на француски филм.
Август секако ќе се памети по концертот на големата рок ѕвезда Лени Кравиц кој се одржа на трети август. За жал, на крајот на месец август, се случи и авионската несреќа кај излетничкото место Скребатно.
Во септември, Охрид беше домаќин на првиот историски фестивал- Средновековен Охрид.
Последните три месеци од годинава што изминува, започнаа со Конференцијата на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа.
Во месец октомври охридската јавност беше разбранувана со донесувањето на ДУП за 8 Урбана заедница.
Реализацијата на овој урбанистички план во ноември беше стопирана од страна на Министерството за локална самоуправа.
Месец декември го одбележаа одржувањето на Сениорското европско првенство за жени во ракомет.
На големиот празник Свети Климент кај Градиште за јавноста беше отворен првиот Музеј на вода.
Ова беа само дел од големиот број настани кои ја одбележаа годината која изминува и која за неколку часа ќе ја оставиме зад нас.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град