Успешен старт на екодромците од Охрид

Отварањето на сезона 2014 во Планински Велосипедизам, се одржа во Скопје во дисциплината Ридско Искачување, која се одвиваше по падините на Водно по единечна патека низ густата шума од црквата Св.Јован вo Kaпиштец до Средно Водно под жичарата на патот што ве води до с.Нерези односно Манастирскиот Комплекс.

 |  Голабовски Крсте  | 
ekodrom
екодром

Отварањето на сезона 2014 во Планински Велосипедизам, се одржа во Скопје во дисциплината Ридско Искачување, која се одвиваше по падините на Водно по единечна патека низ густата шума од црквата Св.Јован вo Kaпиштец до Средно Водно под жичарата на патот што ве води до с.Нерези односно Манастирскиот Комплекс.
 
ekodromПатеката во должина од 2,5 км е во целост стрмна нагорнина по тесна единечна патека. За разлика од другите натпревари ова ридско искачување се карактеризира со поединечен старт на секој велосипедист со разлика од 1 минута.

Слично како Хронометарот кај друмскиот велосипедизам и на овој натпревар велосипедистите треба да го дадат својот максимум во физичка и психичка подготвеност од причина што се сами на патеката. Тимот на Екодром солидно подготвен со освоени еден златен медал од страна на Јован Јованоски во категорија на Јуниори кој воедно беше севкупно најбрз на патеката со време од 11минути и 16 секунди со што постави и нов рекорд на патеката. Со сребрен медал се заќитија Петар Упевчески во категорија Јуниори, Новица Велјаноски во категорија на Кадети и Михаил Тасески во Хоби категоријата.
 Кон Охридскиот клуб Екодром за престојната сезона 2014 се приклучија и 4 велосипедисти од Дебар и двајца од Струга. Посебен задоволителен успех покажаа дебитантите и тоа, во категоријата на Јуниори, Лазар Трцоски, Абиб Торте и Блини Коруми, а во категоријата на Кадети Петар Томич, Иво Србакоски и Јаков Јованоски. Следен натпревар кој не очекува е следната сабота на 19 Април во Велес. Овој натпревар воедно претставува почеток на сезоната во друмски велосипедизам.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top