Се враќаат сеќавањата на стариот охридски чун

Се чека грант за реставрација на стариот охридски чун. Деновиве Горан Патчев како претставник на Националната установа Завод и Музеј Охрид, поднесе предлог за добивање на грант, на Конференцијата за музеи која деновиве се одржа во Тирана, Албанија. Единствениот примерок на овој чун во Охрид, беше уништен пред три години позади куќата на Робевци кога врз него се сруши карпа, така што од него останаа само даските кои до ден денес лежат таму.

 |  Николоска Биљана  | 
cun
чун

cunВо дворот на куќата на Робевци сеуште лежат даските од некогашниот стар охридски чун. Овие остатоци потекнуваат од 19 и 20 век а говорат за едно време кога овој т.н рибарски чун се користел не само за рибарство туку и за трговија и транспорт, но и за разни свадбени церемонии, како што појаснува архитектот од НУ Завод и Музеј Охрид Горан Патчев. Деновиве Патчев како претставник на НУ Завод и Музеј Охрид учествуваше на втората годишна конференција за музеи „Сретни се, види, направи“на која ја презентирал неговата идеја за реставрација на стариот „охридски чун“.

„Неможев да ги гледам овие рушевини овдека од чунот оставени после несреќата настаната позади Робевци со катастрофата што се случи со стената кога падна и го поклопи чунот, единствениот оргинален кој го имавме. По некои кажувања има оргинални чунови некаде во Британските музеи допрва ќе истражувам да видам каде се и тие оргинални чунови“. 01:22+04:18 После втората светска војна масовно почнаа да се произведуваат тие метални кајчиња така да дрвениот чун си отиде во историја, меѓутоа штета е да се изгуби сеќавањето на него ние сакме покрај реставрацијата да го вратиме и сеќавањето на тој стар охридски чун“- изјави Патчев.

cunПатчев вели дека идејата за реставрација на стариот охридски чун е во зародиш. Апликацијата за грантот кој изнесува 4 000 евра сеуште не била доставена, а краен рок за нејзино доставување е до 21 април. Патчев нагласува дека идејата најпрво треба добро да се осмисли, да се  состави тим кој ќе изготви конзерваторски проект, како и тоа да се вклучат што повеќе луѓе од здружението на занаетџии, резбари, ученици.

„Едноставно да се направи еден бренд за Охрид и охридскиот чин кој ќе биде за целите на туризмот. Гледаме ние разни модели од чуновите се изработуваат зошто да не можат да се направат и копии кои ќе бидат функционални и ќе се користат во самото езеро во туристички примени.“– смета Патчев.

Доколку го добијат грантот оваа идеја може да се реализира уште годинава вели Патчев. За реставрација на охридскиот чун во Завод и Музеј имаат богата фотодокументација но не поседуваат графички прилози и димензии. Затоа Патчев очекува соработка за проектот од сите оние кои што имаат дополнителни информации, односно од оние кои што некогаш учествувале во изградба на чунот. Исто така како идеја Патчев нагласи дека може да се изработуваат и модели за сувенири од стариот охридски чун кој би се продавал низ градот како спомен од Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top