• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „Генетика на кучињата“-тешка психолошка драма од репертоарот на аматерската група „Аматер“

„Генетика на кучињата“-тешка психолошка драма од репертоарот на аматерската група „Аматер“

Деновиве ги прават последните проби пред официјалното одигрување на претставата. Велат дека е време охридската публика да види дека освен комедијата, можат да сработат и нешто сериозно.

 |  Мишел Наумоски  | 
pretstava
претстава

Тешка психолошка драма колку за контраст на нивната комична природа. Аматерската театарска група „Аматер“ ги дотерува до најситен детал последните елементи од нивната нова претстава со која ќе излезат пред охриѓани, „Генетика на кучињата“.

grupa "Amater"Деновиве ги работат последните проби, ја доработуваат сценографијата и велат дека се скоро подготвени за премиерата.

„Доста тежок текст, многу бараше од нас и тешко се справувавме, но со игра, со усогласување на повеќето ликови, со помагање, дојдовме мислам до една добра конструкција и добар текст, добро го склопивме. Тежок е, и тоа ни е баш и нашата цел, да покажеме на охридската публика дека не сме само за комедии, за некои лесни парчиња, туку дека можеме да изнесеме и нешто потешко. Не интересира многу каква ќе биде реакцијата на охридската публика. Се надеваме дека ќе ја доловиме како што треба претставата и пораката која ја крие драмата на Венко Андоновски.“-вели Јован Цветкоски од аматерската актерска група „Аматер“.

genetika na kucinjataАматерскиот актер Јован Цветкоски вели дека групата „Аматер“ е една голема група во која буквално, секој работи буквално се и дава свој максимум за на крај претставите да изгледаат најдобро што може.

„Режијата е воглавно од сите. Се прифаќа сечиј совет. Десет души сме, актерската екипа број десет луѓе. Имаме човек кој е задолжен за шминка, за светло, за музика, имаме плус четворица статисти кои ни помагаат околу тоа. Сценографијата заедно ја изработуваме со луѓето од Центарот за култура „Григор Прличев“ и Арс Вивенди школата и Ангела Попоска. Така да доста голема екипа сме, и актерската екипа, и луѓето кои што ни помагаат.“-рече тој.

Инаку нивната претстава, „Генетика на кучињата“ ќе имате можност да ја погледнете во Среда, 16ти Април, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. Претставата е со почеток од 20 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top