Најавата за новата германска фабрика која ќе произведува авто галантерија е само уште една од многуте манипулации пред избори на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува Ванчо Костоски од ВМРО – НП.
На денешната прес конференција на ВМРО – НП Ванчо Костоски, кандидатот за пратеник, кажа дека сака да ја потсети јавноста на најавени и никогаш не реализирани инвестиции од страна на ВМРО ДПМНЕ во последните 8 години. Тој ги наброја: Француски инвеститор за фабрика за авто галантерија во состав на Откес со 1000 вработувања, Хотел Радисон во Горица , Холандски хотел во Рача , Сименс ќе го купи ЕМО, Хотел Ексцелзиор, Руски комплекс со бањи во Љубаништа, Турска болница, проектот на Субрата Рој. Колку и да сакаме да веруваме дека после овие десетици лаги за инвестиции кои ни ги пласирате пред избори, колку и да посакуваме да е вистина најновата најавена фаборика, не може а да не помислиме дека повторно се работи за уште една манипулација пред избори, рече Костоски
„Би го повикал г- динот Никола Груевски на секои 6 месеци да одржува избори, така што барем 50 сетина фабрики на секои шест месеци барем пред избори ќе ги отвараме фиктивни па како луѓе малку ќе поживејме малку во нереалноста. Значи уште еднаш Ве потсетив на сите овие не реализирани проекти и така Ви кажувам дека овој проект е една најобична лага, бидејќи не само во Охрид, во секој град ветуваат фабрики со 1000, 2000, 3000, вработени. Се надевам дека после избориве кога ќе ги собериме ќе треба некаде околу 100 000 нови работници да ги донесиме од страна да работат во Македонија а не да ја погледнеме реалноста дека стотици илјади млади ја напуштаат земјава незадоволни од моменталната политичко економска состојба во Р. Македонија“– вели Костоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град