Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за Охридско езеро, денеска во Обединетите нации во Женева одржа говор и презентација за прекуграничното управување и заштита на Охридското езеро со која ја отвори сесијата за искуствата на заедничките тела за соработка.

Пановски во својата презентација потсети на почетоците на институционалната заштита но и на заедничките протоколи на научните институции , заедничките мерки и потпишаните договори. Потенцираше дека се уште има отворени прашања како што се рибарството но и управувањето на нивото на езерото кое е врзано со потребите на енергетските системи на државите , како и грижата за биодиверзитетот и еко системот во целина. Охрид и Езерото се од интерес на Меѓународните организации заради природното и културното наследство.
„Кај нас се уште имаме голем проблем со индивидуалната свест, но и со финансиските можности за решавање на критичните точки.Секој и најмал чекор за подобрување на состојбите е важен. ПРОЕКТИТЕ МОРА ДА ПРЕРАСНАТ ВО ПРОЦЕСИ за да не задоцниме со еколошката реакција,“ истакна Паноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град