Ќе се создаваат подобри просторни услови за дечињата во градинката „Јасна Ристеска“. Таа ќе се реконструира со пари од Светска банка. За останатите три објекти во тек е подготовката на проектната документација, освен за клонот „Развигорче“ каде има проблем од имотно-правен карактер.
Централната градинка „Јасна Ристеска“ ќе се реконструира со пари од Светска банка. Директорката на градинаката Розе Костоска вели дека централниот објект ќе биде реновиран комплетно и дека за тоа ја имаат целокупната потребна докумнтација.
–Ќе се менува покривната конструкција, санитарните јазли, надворешната и внатрешната дограма и фасадата со што градинката ќе добие нов, современ и поефикасен лик. Ќе се менува и електричната инсталација која во многу случаи знае да ни направи проблем, вели директорката.
За останатите три објекти во тек е подготовката на проектната документација, освен за клонот „Развигорче“.
–Таму имаме проблем од имотно-правен карактер. Не можиме да ја докажиме сопственоста па затоа работите малку ќе се оддолжат, вели Костоска.
Во „Развигорче“ треба да се смени покривот и дограмата и тоа со средства од Локалната, а на останатите три објекти ќе се интервенира со пари од градинката. Издвоени се околу 20 000 евра за промена на дограмата бидејќи како што објаснува дирекрорката таа е стара и дотраена па се троши многу енергија за затоплување на занималните.
Во објектите нема да има надградби и доградби, вели Костоска. Тоа не го дозволуваат пропишаните стандарди за градинките бидејќи за секое дете мора да има осум мерти квадратни дворна површина и три метри квадратни внатрешна површина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град