Ќе се гради катна гаража во Струга

Кај зелениот пазар во Струга ќе никне катна гаража. Исто така предвидено е и дополнително уредување на тој простор, како како што најави директорот на ЈП „Комунално“, Струга, Гарип Каба.

 |  Николоска Биљана  | 
kamion
камион

zelen pazarСтрушкото ЈП „Комунално“, бара финансиски извори за извлекување на претпријатието од големите наследени долгови со кои во моментов се соочуваат.
Еден од изворите кој што го предвидел комуналното претпријатие со поддршка на Локалната самоуправа од Струга е изградба на катна гаража на влезот во Струга на патниот правец Струга – Дебар.

„Ние планираме сме во тек за еден добар зафат што се однесува на просторот околу зелениот пазар во догледно време за краток период планираме да градиме еден паркинг гаража во делот на зелениот пазар. Планираме и уредување на тој простор. Исто така имаме и други проекти кои ние како фирма мислиме да ги реализираме до што ние би имале финансиски извор за да не извлече од ова состојба“.
 
kamionСтрушкиот градоначалник Зијадин Села во насока на изградба и уредување на просторот околу зелениот пазар, нагласи дека Локалната самоуправа во секое време е расположена да ги поддржи проектите кои се од суштинско значење за градот. Села вели дека овој проект ќе го реализираат за брзо време по пат на ЈПП, а со тоа ќе се надмине еден од горливите проблеми на градот. Покрај со задолженоста ЈП „Комунално“,   има огромен проблем и со старата и дотраена механзација.

„Имаме страотни проблеми и околу тој дел, нашиот паркинг околу механизацијата е многу стар. Камионите се веќе над 30 години на терен кои се за таа цел. Имавме пред месец два еден нов проект камион преку швајцарска амбасада и тој камион ни врши добар дел од работата“.

Каба нагласува дека добар дел од средствата ги трошеле за поправка, сервис и одржување на старите камиони. Во иднина како што кажа Каба размислуваат за обнова на механизацијата и набавка на нови машини кои ќе им ја олеснат работата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top