Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Борис Стефаноски визијата за поуспешен Охрид ја гледа во еден од можните кандидати за градоначлник по престојните локални избори.
Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Борис Стефаноски визијата за поуспешен Охрид ја гледа во еден од можните кандидати за градоначлник по престојните локални избори.
Како што ТВМ веќе објави, тој и официјално ги потврди имињата и кажа дека дефинитивно кандидатот ќе биде познат по новогодишните празници. Стефаноски ги соопшти имињата на кандидатите меѓу кои се пратениците Цветко Грозданов, Анита Кипаризоска Крстеска и Владо Стефаноски од редовите на ВМРО ДМПНЕ. Но, тој не ја исклучи можноста кандидатот да биде и некој друга личност.
На денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ , Борис Стефаноски се пофали со капитални инвестиции на локално ниво. Ги наброја Музејот на вода, Плаошник, ревитализација на Студенчишкото блато, санацијата на водоснабдителните системи во Лакочереј и Вапила, средувањето на Грашница. Не ги заборави ни оние на државно ниво од проектите Компјутер за секое дете, бесплатните компјутерски курсеви, социјалните станови. Годинава што е на изминување Стефаноски ја отцени како успешна, но ги истакна и потешкотиите што ги имаа со локалната самоуправа. Истакна дека од локалната продаваат успешна приказна за голем успешен развој на градот ,а постигнатите успеси граѓаните не ги гледаат потенцира Стефаноски.
Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ честитајќи им ја Новата 2009 Година на своите симпатизери и граѓаните, им упати уверување дека ќе продолжат да го чуваат достоинството на Охрид. Истакна дека ќе понудат нова визија за стопански и духовен развој на градот.
На прес конференцијата дојде и до еден гаф. Имено, беше спомнато и името на актуелниот пратеник, Александар Николовски, како еден од можните кандидати за градоначалник на Охрид, за да подоцна Стефановски во изјава за ТВМ каже дека станува збор за превид и Николовски не е меѓу кандидатите за градоначалник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град