Светскиот ден на здравјето одбележан и во Охрид

Под мотото „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Годинава овој ден е посветен на векторските заразни болести, кои се добиваат преку убод од инсекти.

 |  Голабовски Крсте  | 
zdravstven dom
здравствен дом

Под мотото „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Годинава овој ден е посветен на векторските заразни болести, кои се добиваат преку убод од инсекти.

маларичнаОд Светската здравствена организација препорачуваат дека е потребна контрола на преносителите (комарци, крлежи, песочни муви, болви…) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија.

Светскиот ден на здравјето се одбележа и во Охрид. Здравствен дом Охрид имаше поставен пункт кај Чинарот. Лекарските екипи на граѓаните им мереа шеќер во крвта, притисок, холестерол, висина, тежина. Директорот на Здравствен дом Охрид Митко Дабески, за ТВМ изјави дека во денешната акција биле направени 128 прегледи на наши сограѓани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top