Основците од Христо Узунов, желни за настани

Децата од О.У. „Христо Узунов“, желни за настани од културно – уметничкиот и спортскиот живот. Доказ за тоа се денешните настани, одбележувањето на деновите на франкофонијата и посетата на Македонските ракометни репрезентативци во нивното училиште.

 |  Николоска Биљана  | 
rakomet
ракомет

 

rakometОсновците од Христо Узунов го одбележаа месецот на франкофонијата. Традиционално трета година по ред учениците неуморно работеа на подготовките по повод одбележувањето на овој ден, вели наставничката по француски јазик Билјана Трајкоска. Директорот пак Тони Симоноски, потенцира дека обврска му е како прв човек на училиштето да ја реализира предвидената годишна програма, но исто така вклучил и вонредни активности, како што е денешната посетата на македонските ракометни репрезентативци.

„Кај учениците има голема заинтересиреност успешно изведуваат еве веќе две години. Имаме повеќе музички точки, франкофонски песни, неколку песни од наши ученички напишани на француски јазик, ученички од седмо одделение, Симона и Анастасија, понатака изведба на неколку едергрини француски и неколку кореографии на модерни современи француски песни“– вели Трајкоска.

rakomet„Во наштео училиште веќе 8 години се изучува францускиот јазик и по повод тоа веќе три години го одбележуваме месецот на франкофонијата со една прекрасна приредба во која што се вклучени ученици од сите генерации. Секако тука е нбеизбежен и вторито настан, ќе имаме можност да видиме дел од ракометната репрезентација на Р. Македонија, која што учениците со нетрпение го очекуваат нивното доаѓање  така едно дружење и афирмација на ракометот“– нагласува Симоноски.

Македонските репрезентативци, пристигнаа со задоцнување. Како што изјави Златко Мојсовски и Гоце Олјески, изненадени биле од атмосферата во училиштето по повод нивниото доаѓање. Нивната порака е младите пред се да учат, да се занимаваат со спорт за да не ги гледаме на улица.

rakomet„Пријатно искуство, не очекувавме ваква посетеност и ваков дочек. Нас ни е мило не пречекаа како звезди, познати сме и ќе дојдеме и во друга прилика. Чуството е прекрасно вака еден пречек од дечиња сакаада се сликаат делевмње автограми. Се надевам дека добар дел од нив ќе не наследат и ќе не заменат во ракометот“ – коментираар ракометарите.

И покрај тоа што македонските ракометни репрезенатативци пристигнаа со задоцнување во О.У. „Христо Узунов“, еуфоријата кај децата не згасна. Тие со нетрпение ги пречекаа се сликаа со нив, а не изостана и делењето на автограмите. Инаку, репрезентативците на подготовките во Охрид се чуствувале пријатно, велат дека имало добри услови за работа, одлична сала, воздух чист и зрдав.

{Loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top