Доколку Мендух Тачи изгуби на изборите на 27 април да си поднесе оставка, порача Зијадин Села претседателот на струшкиот огранок на ДПА.
Зад нас стојат и Статутот на ДПА и целокупното членство, заедно со раководството на струшката партиска организација, и Мендух Тачи нема право да разрешува ниту еден член од партијата, изјави Зијадин Села на денешниот брифинг со новинарите во Струга. Заедно со членството на огранокот прогласивме мораториум, нема политички активности и го замрзнвме нашето учество во изборниот процес, ако ги изгубиме изборите ќе побараме Тачи да поднесе оставка, додава Села.
„Ова е одлука на двајца тројца од централата или можеби на еден , а другиот дел што се однесува дека јас и претседателот сме исклучени од ДПА, членувањето во една партија е доброволно и мене во ДПА ме нема земено Тачи за да ме исклучи тој или било кој друг, јас во ДПА сум од почетокот на политичкото делување на ДПА и никој нема право мене да ме исклучи. А за кршење на статутарното право јасно стои во статутот во кои моменти и како оди тоа исклучување од партијата“– вели Села.
Села на Тачи му посака да победи на изборите и да остане лидер на партијата, доколку тоа се случи Села најави дека ќе делуваат како опозиција во партијата.
„Огранокот во Струга ќе биде оној кој ќе биде некаква опозиција внатре во партијата која ќе го следи до каде е новиот политички договор кој од 2009 година ние го ветуваме пред народот. Му пожелувам да победи во сите изборни единици, а во спротивно очекуваме негова оставка и постапка за негово заминувањер од партијата“– изјави Села.
Села кажа дека на престојните претседателски избори ќе гласа за Илјаз Халими, бидејќи смета дека со тоа ќе се стави крај на политиката која што во моментов ја води ДУИ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град