Во завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео што Општина Охрид ги започна пред околу еден месец.
Во завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео што Општина Охрид ги започна пред околу еден месец.
Изминатиов период надлежните служби од ЈП “ Градски гробишта “ работеа на санирање и реконструкција на потпорните ѕидови, а се изврши поправка на патеките кои од главниот пат што е во непосредна близина на црквата Св. Јован – Канео водат кон кафеаните и плажите “Канео“ и “Потпеш“. Деновиве во населбата Канео, завршува и поплочувањето на една од уличките – сокачињата во должина од 35 метри. Поплочувањето е благороден чин со оглед на тоа што вредните мајстори носат автентични камења од горниот дел на населбата и непосредно пред редењето рачно ги обликуваат .
Инаку според предвидениот план на локалната самоуправа за уредување на населбата Канео, старите улични канделабри и фенери треба да бидат заменети со нови кои ќе бидат во склад со спецификите на старото градско јадро.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град