Хуманитарна вечер под маски. Синоќа, женскиот лајонс клуб „Деница“ уште еднаш докажа дека хуманоста е нивна главна заложба. „Со несебично вложување себе си преку бројни реализирани активности, дениците успеаа да го изградат идентитетот на ЛК „Деница“ не штедеше пофални зборови Гувернерката на Дистрикт 132, Јелица Кртолица.
Женскиот лајонс клуб „Деница“ од Охрид синоќа ја заокружи хуманитарната акција за собирање на средства за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Настанот беше под мотото „Секој под маска“ и сите присутни имаа можност да ја покажат својата хуманост. Учество во оваа хуманитарна вечер имаа четирите Лајонс клубови од Охрид, ротаријанците, како и штитениците од „Зраци“, кои што беа вклучени во хуманата акција со изработка на маски кои синоќа се продаваа. Покрај донациите од клубовите, хуманитарниот фонд беше збогатен и со средствата од организираната лотарија. Претседателката на ЛК „Деница“ од Охрид Лила Вучетиќ, рече дека иако вчерашниот ден е препознатлив како “Ден на шегата“, нивната акција е повеќе од сериозна.
„ Ова што го даваме ние е мал дел во однос на тоа што треба да се направи за штитениците на центарот “Зраци“. Апелирам до Локалната самоуправа и до сите граѓани и хуманитарни организации да се вклучат во овие хумани акции“– вели Вучетиќ.
Охридските деници покажаа, дека од малку може да се направи многу, ако додадеш љубов – вели Гувернерката на Дистрикт 132 Јелица Кртолица. Таа додава дека и покрај тоа што жените во лајонизмот се вклучиле 70 години подоцна од мажите, успеале да се докажат. Гувернерката Кртолица посебно е задоволна од работата на ЛК „Деница“.
„Задоволна сум од тоа што го правиме, затоа што го правиме од срце и душа, се внесуваме себе си, нашата креација, љубов, со цел да правиме убави дела и да даруваме. Денес сме тука поради тоа што сакам да ги поддржам дениците, членките од ЛК „Деница“, затоа што тие најповеќе од сите се вложија себе си и дадоа идентитет на клубот „Деница“ и ова што денес го правиме, се дружиме за да може да даруваме.“ – изјави гувернерката Кртолоца.
Покрај паричните средства од синоќешната забава, со досегашното залагање на членките на ЛК „Деница“ веќе се реализирани повеќе донации на услуги и производи за потребите на центарот “Зраци“.
Инаку, синоќешната дружба беше и одбележување на две годишнината од постоењето на ЛК „Деница“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град