Полски државјани „оперирале“ низ Охрид и Струга

Полициската станица Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела дела „тешка кражба на дрзок начин“ и „одземање на патничко моторно возило“, поднесе кривична пријава против двајца полски државјани.

 |  Голабовски Крсте  | 

марица23-годишниот С.Ј. и 20-годишниот Ф.Д.Б. на 29-ти март годинава, во Скопје бесправно одзеле патничко моторно возило „Опел кадет“ кое го забележале паркирано и необезбедено. Го украле возилото и се упатиле кон Охрид. На 31-ви март кај манастирскиот комплекс во Калишта, од повозрасен жител на Струга одзеле кожна јакна со 800 денари, еден мобилен телефон марка „Самсунг“ и лични документи.

По извршен претрес во апартманот во Охрид каде двајцата полски државјани биле привремено сместени, пронајдени се поголема количина на разни клешти, штрафцигери, алат за сечење стакло, „француски“ клучеви и друг подесен алат. На двајцата одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top