На денешната 61- ва по ред седница на советот на општината, од страна на советниците беше усвоен буџетот за 2009.
На денешната 61- ва по ред седница на советот на општината, од страна на советниците беше усвоен буџетот за 2009.
Советниците позитивно се изјаснаа и за предлогот на градоначалникот Петрески, за 50% да се намалат давачките на граѓаните кон општината. Меѓу нив: стапката на данок на имот, како и стапката на данокот на наследство и подарок.
На самиот почеток на седницата беа повлечени од дневен ред предлог- одлуките за донесување на Деталниот урбанистички план за 1 Урбана заедница и предлог- одлуката за утврдување на ДУП за 6 урбана заедница. Објаснувањето на градоначалникот беше дека не е пристигната дозвола од страна на Министерството за транспорт и врски. за појаснување на гледачите, станува збор за предлог урбанистичките планови кои го опфаќаат и просторот на кој во моментов се наоѓа градскиот пазар, а за кои минатата недела известуваше нашата ТВ куќа. При тоа, првиот човек на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов, пред камерата на ТВМ изјави дека предлог урбанистичките планови се ставени на дневен ред на 61- та седница на советот, затоа што Локалната ја поседува сета потребна документација, меѓу која и неопходната дозвола на Министерството за транспорт и врски- која денес недостасуваше.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град