И спортските риболовци се против конкурсот за концесија

Членовите на спортско риболовно друштво „Апостол Петар“ реагираат и бараат од премиерот Никола Груески , да го поништи  конкурсот за давање на езерото под концесија за стопански и рекреативен риболов.

 |  Валентина Нелоска  | 
Radovan Pavloski
Радован Павлоски

Членовите на спортско риболовно друштво „Апостол Петар“ реагираат и бараат од премиерот Никола Груески , да го поништи  конкурсот за давање на езерото под концесија за стопански и рекреативен риболов.

Рекреативниот риболов кој насекаде е дел од туристичката понуда ќе биде уништен. Рибите како клен ,мрена, грунец, плашица нема да  може да се ловат од брегот за време на туристичката сезона. Повеќе од 11 месеци нема да се лови од брегот. За крапот, Хидробиолошки предвидува издавање само 100 еднодневни дозволи. Тоа значи  само сто рибари да имаaт право на  лов по еден ден во текот на целата година, што е  апсурд, реагираат спортските риболовци. Додаваат, уште пострашно е што се предвидуваат само 24 рибари да можат да риболоват на целото езеро дневно, и тоа по 12 во Охрид и Струга. Радован Димитриоски претседател  СРК „ Апостол Петар“ вели дека во рибните основи за рибарството има само неколку страни посветени на рибите, а останатото се докоторски дисертации и магистерски трудови. 

Ohridsko ezeroСпортските риболовци укажуваат на низа грешки во постапката за изготвување на риболовната основа. За да се спроведе Законот за рибарство и аквакултура, не се изготвени 4 правилници потребни за вршење на стопански и спортски риболов на езерото потенцира Димче Мајковски, член на спортскиот  риболовен  клуб. Тој додава дека документите не се изработени и риболовната основа не е важечка. Со Рибарската основа која е изработена од страна на Ј.Н.У Хидробиолошки Завод од Охрид, наместо да се заштитат  од уништување  пастрмката и белвицата, ќе се уништат и другите видови , крапот , кленот ,писата ,грунецот и плашицата.

Риболовците, се решени доколку  владата не им излезе во пресрет, и не го  поништи конкурсот за концесии за рекреативен и стопански риболов  да  излезат на  масовни протести пред Подрачната единица на министерството за земјоделство и шумарство, и пред Хидробиолошки Завод .

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top