Дали Охридскиот театар ќе добие нова зграда во 2015та?

За 2014та година нови простории за читачки проби во Центарот за култура, за 2015та пак или нови простории само за театарот или целосно нова театарска зграда.

 |  Мишел Наумоски  | 
teatar
театар

Нови простории само за Охридскиот народен театар во рамки на Центарот за култура или пак целосно нова театарска зграда. Ова е дилемата по која ќе се одлучува во наредниот период во Министерството за култура, а во соработка со Центарот за култура, театарот и локалната самоуправа. Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска вели дека во овогодинешната програма се издвоени само средства за адаптација на просториите над галеријата во Центарот за култура. Со предвидените 1 милион денари кои ги добиле од Министерството за култура, Боцеска вели дека ќе бидат адаптирани две простории од кои едната за читачки проби додека другата со повеќе намени.

Centar za kulturaЗа нови простории исклучиво за Охридскиот народен театар, директорката вели дека досега добиле само позитивни реакции.

„Ние и баравме од Министерството за култура, сме во комуникација и со градоначалникот на Охрид и засега имаме позитивни реакции, дека тоа е предвидено и планирано, но точно која година би се реализирало, во програмата на Владата сеуште немам информација , но засега можам да кажам дека се позитивни повратните реакции и се запознаени и Министерството за култура, Владта, градоначалникот исто и негова идеја е да има дали проширување, дали уште една зграда, тука ќе се види според средствата дали ќе се оди на некој проект поголем или помал.“-вели директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска.

teatarЗа уметничкиот директор на Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски, пак изградбата на нова театарска зграда не само што е посакувано, туку и веќе дефинирано решение.

„Ние успеавме на некој начин да добиеме нова зграда, која ќе почне да се гради во Мај, 2015та година. Мислам дека е веќе дефинирано и дека веројатно ќе влезе во програма, така да јас сум информиран неофицијално дека тоа е веќе завршена работа. Тоа би било најдобро според мене. Или потполно квалитетно дефинирање и редефинирање на систематизацијата на внатрешната работа или одвојување во смисла дека театарот си е театар.“-рече уметничкиот директор на Охридскиот театар, Горан Стојаноски.

Инаку на задоволство на љубителите на театарот и веројатно сите охриѓани, Охридскиот театар започна со подготовки за овогодинешната театарска програма. Според неа, тие годинава ќе изведат две претстави и тоа „Детектор на лаги“ на режисерот Ненад Витанов и проектот „Медена ноќ“ во режија на Иво Трајков, претстава за која пред неколку месеци се снимаше и филм.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top