Каде за најлудата ноќ?

Покрај високите цени и големите студови во Охрид се очекува да биде доста весело за новата година. Охриѓани ги извршуваат последните подготовки за дочек на новата година.

 |  Ристе Јакимоски  | 
Ohrid
Охрид

Покрај високите цени и големите студови во Охрид се очекува да биде доста весело за новата година. Охриѓани ги извршуваат последните подготовки за дочек на новата година.

Сопствениците  во охридската чаршија задоволни  заинтересираноста за резервациите. Денеска се очекува и последните слободни места да бидат резервирани.
А во некои од кафулињасе почест е следниот коментар   „ 90 места по 1000 денари и се е полно што да ти кажам повеќе“.

OhridХотелските капацитети се полнат со странски гости претежно од соседните држави. Цените само за дочек на новата година во зависност од категоријата на хотелот и  музичката програмата се движат од 30 до 80 евра.Пансионите и полу пансионите чинат од 120 до 180 евра.

Во дискотеките билетите за нова година се во висина од 800 до 3000 денари во зависност од големината на дискотеката и популарноста.

За надвор од Македонија, најголема заинтересираност има за Турција, Бугарија, Хрватска и Албанија. Во зависност од семејниот буџетот секој си го одредува начинот за дочек на новата година.
За оние кои не успеале да резервираат место преостанува плоштадот или домашната атмосфера.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top